Пред самиот почеток, како би се опишал “Nickarth” пред нашата читателска публика, кој е “Nickarth” – кратко CV?
Здраво Аперкат,first of all, мое е задоволството што сум дел од вашата рубрика.
Nickarth настана сосема случајно, всушност пред две години барав авторско име кое би било уникатно и воочливо,еден збор што би ме конкретно опишал.
Секогаш сакав да го задржам своето вистинско име но за да бидам автентичен додадов кратенка од EARTH, бидејќи себеси се гледам само како жител на земјата. Постои и деепер меанинг зад сево ова, но би го оставил за себе.
Постојано си активен на социјалните мрежи, кој е главниот мотив и порака кои сакаш да ги испратиш на твоите фанови?
Хаха, па не баш … Минатиот период бев отсутен повеќеод 4 месеци поради причини кои дополнително ме инспираа, и ме научија на многу. Фанови во Македонија сеуште мислам дека немам, што е разлика од Европа, но затоа постојат луѓе што им се допаѓа мојата музика, ќе ме застанат на улица,поздрават иако нив сеуште не можам да ги наречам фанови. Beside that, се трудам да останам на свое тло и да творам како што најдобро знам. Пораката што им ја праќам е искрена и чиста. Без лаги, со вистински приказни. Нивно е да откријат и се пронајдат во моето творештво.
Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук?
Уфф, Инстаграм прикачувам сторис од мојата работа, патот по кој се доаѓа до една песна, дружби, музички седенки итн…
Фејсбук е мојот дом. Место на кое што споделувам проекти, соработки и слики од настапи, да речам. Иако сеуште не мислам дека сум активен како што треба да сум.
Постојано си активен во креација на нова музика, продуцирање за други музичари, но активен во снимање и на сопствени песни, како ти успева ова,кој е изворот на поттик и мотивација?
Апсорбирам,чувствувам,летам и паѓам. Како и сите. Но тоа значи дека сум сеуште жив. Ги гледам секојдневните случки и се трудам да ги запишам во програм. Ретко да останам рамнодушен на одредени ситуации. Битните работи ги работам и се трудам да ги прикажам во готов производ. Исходот зависи од моменталната емоција.
Неколку години живеевте во Англија, што научи од оваа земја, колку напредна во твојата музичка кариера?
Англија беше вистинското место за 19 годишниот Nickarth. Едноставно сфатив дека не сум единствениот којшто сака да биде на врвот, премногу сме..
Воедно сфатив дека иако многумина се борат за истиот врв, малкумина достигнуваат таму. Бев разочаран но и океј со ситуацијава. Запознав многу локални и светски познати артисти, сфатив дека сите сме слични еден со друг но некој направил чекор повеќе. Воглавно, Англија ми даде надеж и визија.
Денес повторно си во Македонија, што те натера да се вратиш?
Отидов по major record label договор, се вратив без него. Но сфатив дека сето тоа што го барав го имав овде, во Македонија, ми беше на дланка, но му треба знаење и моја поткрепа за да стигне до великаните. Ме натера да се вратам на аудио&видео продукциски прогрес и време.
Сега имам студио и работам на мои песни но истовремено работам и за продукциска ќука уште позната како Cafe De Anatolia.
– Кога би требало да направиш избор, која земја повеќе те привлекува, Македонија или Англија, како би ги дефинирал според твое лично искуство?
– Секоја земја си има добри и лоши карактеристики. Англија ќе ме привлекува секогаш, бидејќи тоа е местото кое што би ми го дало тоа што го барам. Но Македонија е мојата матрица, и без разлика на се овде сум многу посигурен и креативен.
Во чија музика уживаш, кој е твојот “ДНК” – жанр?
Зависи од моментот. Деновиве слушам Tom Misch, Dennis Lloyd, Two Feet, The Hood. Не познати артисти за македонската публика но одлични продуценти.
Жанрот е инди – поп.
Наброј три женски омилени вокали од македонската музичка сцена со кои би сакал да соработуваш? (Која би била на врвот, а која на третото место)?
Уфф, не знам искрено. Не слушам македонска музика во главно.. Но ако веќе морам да бирам би зел вака
1. Андреја Чукалкова
2. Валери
3. Princess Donatsu
Вие имате сопствена продукција, работите со артисти од Македонија и вон Македонија. Што би кажале на оваа тематика, кој е условот за еден музичар да биде дел од вашето музичко семејство?
Всушност јас сум само дел од продукцијата која настана од мојот татко а.к.а BillyEsteban и мојата сестра Моника. Главен услов е артистот да создава музика која би прилегала на жанрот на нашата продукција. Работиме со преку 100 артисти од цел свет, како вработен јас сум задолжен за аудио и видео продукција на самиот производ.
Што значи за тебе музичка ѕвезда во денешниот модерен свет, колку артистите од Македонија се движат во вистинска насока?!
Музичка ѕвезда е личноста која создала свој препознатлив бренд пред широкиот аудиториум. Од Македонија би го издвоил само Кирил Џајковски.
Веќе напоменавме дека си активен насоцијалните мрежи, која е твојата најомилена фотографија?
Немам за чудо… но ако веќе треба да издвоаам, еве оваа ..
Музичката е синоним на љубов, според тебе, која е најубавата девојка од јавната сцена во Македонија со која би сакал да поминеш барем една ноќ?
Хаха, не сум размислувал.. Јас не сум тип за една ноќ.
Кога би имал магично стапче, што би променил во музиката низ Македонија и Балканот?
Не би сменил ништо, би оставил да биде како што е сега. Музиката е само одраз на општеството. Ако имам магично стапче би го употребил на општеството.
Како гласи твоето животно мото … и кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?
If you are, you breathe. If you breathe, you talk. If you talk, you ask. If you ask, you think. If you think, you search. If you search, you experience. If you experience, you learn. If you learn, you grow. If you grow, you wish. If you wish, you find. And if you find, you doubt. If you doubt, you question. If you question, you understand and if you understand, you know. If you know, you want to know more. If you want to know more, you are alive.
За луѓе кои не зборуваат англиски, би им го поедноставил како чувствувајте го секој момент, тоа значи дека сте живи.
Идол сеуште гледам во огледало.