Во изминатиот ден граѓаните на Источна Македонија беа згрозени од секојдневието на текстилниот работник во Штип и штипско. По објавените фотографии од кои може да се види како во еден автобус се возат повеќе од дозволената бројка на патници, немајќи можност да се почитува растојанието предвидено од надлежните како мерка за заштита, во изминатиот ден заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска ја “просветли” јавноста!
Повеќе од три лица, вклучително со возачот, не смеат да се возат во ист автомобил. Тоа, како што соопшто дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава.
На информативната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, односно ракавици и маска.
Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, потребно е да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, објасни Петровска.
Текстилците топло ја повикуваат Петровска во нивната работна средина, тие превозот веќе и го обезбедија со претходно резервирана долга лимузина, способна да собере и 50+ патници – мизерен автобус кој нуди мизерни услови не достојни за скромен и здрав живот.