Португалската национална телевизија објави изненадувачка вест, која подоцна доби потврда и од фудбалскиот клуб Порто. Икер Касиљас, голманот на шампионот на Португалија, и еден од најдобрите голмани на сите времиња, претрпел инфаркт по завршувањето на утринскиот тренинг на Порто и итно бил пренесен во болница, каде бил извршен мал хирушки зафат.

Здравствената состојба на Шпанецот е стабилна и тој е надвор од животна опасност. Оваа вест е големо изненадување за јавноста, бидејќи Икер никогаш не се пожалил на здравјето и не покажувал симптоми на срцеви проблеми.

Клубот не се огласи со детали околу зафатот и иднината, но многу веројатно оваа вест може да предизвика предвремен крај на професионалната кариера на Икер Касиљас, кој се договори за продолжување на соработката со Порто.

37-годишниот Шпанец е еден од најтрофејните голмани на сите времиња, оженет е со ТВ-водителката Сара Карбонаро и важи за спортист за пример на најмладите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here