Вчера ( 17 април ) околу 18 часот и 30 минути, над тетовското село Доброште, во месноста „Ќустреч“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево запреле патничко возило „Опел фронтера“, во кое се превезувале А.А.( 21 ) од Пршовце и 17-годишник од Доброште.

При нивен преглед, кај А.А. пронајден е пиштол „ Пиетро берета“, калибар 7, 65 милиметри со празна рамка, кој го поседувал без дозвола и со кој претходно испукал неколку куршуми во непосредна близина.

Извршен е увид, а двете лица од возилото се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here