Дека е убедливо најлошото момче во светскиот тенис, Ник Кирјос го потврди и на мастерсот во Синсинати и тоа со шоу кое го направи во победата над Качанов.

Тој постојано нешто протестираше и се објаснуваше со судијата, по што му врати дека е најлошиот делител на правдата во историјата на тенисот при што искрши и два рекети во тунелот. По мечот тој воопшто не се поздрави со судијата, што е пракса во овој спорт, а камерите уловија и и момент како Кирјос плука кон него, однесување кое дефинитивно ќе му донесе нова казна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here