Најновиот биланс на заболени во Штип, особено поради фактот дека се од конфекција, ќе биде тема на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски.
Вкупно пет нови случаи на заболени од Ковид 19, од кои четири се од работнички од една иста конфекција, се регистрирани изминатите 24 часа во Штип. Петтиот случај е заболен кој нема врска со ниту еден претходен болен и се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип, а пренесува „ММС“.
Со тоа, од новите четири случаи на заболени конфекционерки, вкупно шест новозаболени од петокот наваму се работнички во иста конфекција, во која се ангажирани околу стотина работници. Во текот на вчерашниот ден простосториите на конфекцијата се целосно дезинфицирани, а работниците денеска не се на работа, додека Центарот за јавно здравје врши тестирања на дел од вработените.
Најновиот биланс на заболени во Штип, особено поради фактот дека се од конфекција, ќе биде тема на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски. Тој кажа дека уште во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците, кои со автобуси ги превезуваат работниците на работа, кои потврдиле дека прават редовна дезинфекција на автобусите.