Многу е ризично децата да се вратат во училиште без никакво ограничување во затворена просторија,се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство, оттаму дополнуваат дека ниту во една земја од Европа не може да се предвиди што може да се случи на есен.

„Став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Во оваа ситуација, стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, и што може да нѐ чека.“ – велат од Министерството за здравство.

Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебна година во услови на пандемија, состанокот на Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование вчера заврши без заклучоци, а дискусијата сеуште е отворена.

Од Владата информираат дека конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата ќе се донесе врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, која се очекува да пресече на кој начин и кога ќе започне учебната година.

Во меѓувреме, се поголем е бројот на родители кој ја потпишуваат онлајн петицијата, во која, категорично се бара децата да останат дома и да учат од далечина

Родителите со многу дилеми прашања пред надлежните: дали ќе биде тестиран наставниот и помошниот кадар пред отворањето на училиштата, кој ќе ги сноси трошоците за ПЦР тестовите при евентуална зараза, кој ќе ги сноси трошоците за квалитетни маски препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) и кој ќе ги сноси трошоците за квалитетни и безбедни (за деца) средства за дезинфекција, термометри, УВ лампи, редовни средства и сертифицирани сервиси за темелно чистење на просториите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here