Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени. Весникот Kоха дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место – за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ. Останува само да се договори која партија ќе го има ова место во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here