Со прогласувањето на пандемијата и вонредната состојба во Италија, Кристијано Роналдо беше меѓу првите фудбалери што го напуштија Торино и замина во Мадеира.

Пандемијата е во завршна фаза, полека се создаваат услови за продолжување на италијанското првенство. Фудбалерите се враќаат во Италија, а синоќа дојде и Роналдо, по еднодневно одложување. Неговото враќање не можеше да им избега на италијанските новинари.

При напуштањето на торинскиот аеродром Каселе, Португалецот имаше обезбедување како американскиот претседател. Покрај колоната од неколку комбиња во која веројатно беа личните работи на семејството на Роналдо и неговото семејство, имаше и две патролни возила. Фудбалерот и семејството сега мораат во двонеделна изолација пред тој на 18 мај да се приклучи на тренинзите на Јувентус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here