Македонската легенда Кирил Лазаров најави заминување во пензија.
Лазаров имаше интервју за „Вечерњи лист“ и зборуваше за повеќе теми, а една од најинтересните беше онаа за договорот со Нант.
„Имам уште една година од договорот и мислам дека тоа ќе ми биде последна сезона во кариерата. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае за десетина години може ќе седнам на клупата на Загреб, клубот кој многу ми даде како играч“, изјави Лазаров.