Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука да се прекине тековниот фудбалски шампионат. Ситуацијата во нашата земја со Ковид 19 вирусот преоѓа во фаза која е загрижувачка, и надлежните институции предложија ваков епилог.
ФФМ истиот го прифати, и сега следува основното прашање. Дали Македонија годинава ќе добие државен фудбалски првак. Одговорот е не. Вардар нема да биде прогласен за шампион, а кои екипи од нашето првенство ќе не претставуваат сезонава во Европските купови дополнително ќе се дознае. Процесот за лиценцирање при Федерацијата сеуште не е завршен, односно е во тек, и истиот ќе заврши некаде следната недела.