Две ѕвезди на Арсенал беа инволвирани во шокантен инцидент во Лондон. Озил беше нападнат од две лица, кои сакаа да го ограбат германскиот ас, а употребиле и ножеви.

Совозач Сеад Колашинац со голи раце тргнал да се пресметува со криминалците, кои побегнале пред него и неговите вештини. Клубот на своите официјални гласила ја потврди информацијата на полицијата и во соопштението објави:

„Сеад Колашинац и Месут Озил беа вклучени во инцидент. Контактиравме со двајцата фудбалери, добри се и не се повредени“.

Снимките од видео надзорот го обиколија светот и уште повеќе ја издигнуваат фигурата на храбриот Босанец.

Полицијата уште трага по криминалците кои ги нападнале професионалците на Арсенал.

Судирот на криминалците и Сеад Колашинац:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here