Со вакви лаги и манипулации дојде на власт, а откако ништо на терен од ветенето не реализираше, сега  Бочварски повторно сака со измами да ги добие гласовите на свое конто.

Власта никако да ја научи лекцијата да не краде фотографии од интернет за да ја манипулира и лаже македонската јавност. Овој пат фатени на дело се градоначалникот на Штип Благој Бочварски кој заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт се обидоа да ги изманипулираат штипјани.

Имено тие најавија изградба на современ затворен базен за пливање, но со фотографија преземена од Американско интернационално училиште.

Скандалот да биде уште поголем Бочварски на Фејсбук пишува дека исклучително е задоволен од проектот кој е украден.

-Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој.
Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” 🏊‍♀️ #АМС #ВладаМК #Штип, напиша Бочварски.

Директорот на Агенцијата Дарко Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е украдена како и за претходните срамни фотографии за проектот „Дома си е дома“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here