На 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, концерт ќе одржи култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под наслов „Fred Wesley Generation Trio“. Концертот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh, локална поддршка Гоце&Чваре.
Поминаа декади од неговата соработка рамо до рамо со Џејмс Браун и Џорџ Клинтон, соработки, кои го етаблираа како еден од архитектите на фанкот.
За сите заинтересирани, повеќе детали за овој настан има на фејсбук страницата на 3Гонга.