Ренова за еден гол не успеа ова лето да излезе во Европа, но затоа го има најдобриот стрелец во Првата лига за сезоната 2018/2019 која штотуку заврши. Тоа е Влатко Стојановски кој успеа во 18 наврати да се запише во листата на стрелците и со два гола повеќе од Љупче Дориев (А. Пандев) да ја освои „Златната копачка“, ако можеме така да кажеме, во нашата елитна лига. На трето место е Петар Петковски од Работнички со 12 голови, а потоа со 11 голови следуваат Изаир Емини и Бесарт Ибраими од Шкендија, Христијан Кировски од Македонија ЃП и Емран Рамадани од Ренова. Секако се ќе беше поинаку ако Бесарт беше здрав, но Влатко е првиот „бомбардер“ и тука нема дилеми.
ЛЕТОВО СИГУРНО ПРАВИ ТРАНСФЕР…
Интересно е тоа што офанзивецот на „гипсарите“, пред еден месец наполни 22 години, е најмладиот голгетер во ПМФЛ од нејзиното постоење. Стојановски речиси до вчера имаше право да игра и за нашата млада селекција. И секако во Ренова се задоволни и среќни што го имаат најдобриот стрелец во Лигата, но исто така се свесни дека тешко ќе го задржат ова лето. За него има голем интерес, пред се од нашите најголеми клубови, но и од странство. Со епитетот прв стрелец во Лигата секако дека Влатко Стојановски ќе направи трансфер.
ЛИСТА
18 – СТОЈАНОВСКИ (Ренова)
16 – ДОРИЕВ (А. Пандев)
12 – ПЕТКОВСКИ (Работнички)
11 – Б. ИБРАИМИ (Шкендија
– ЕМИНИ (Шкендија)
– КИРОВСКИ (Македонија ЃП)
– РАМАДАНИ (Ренова)