Денес околу 14 часот во водите на Преспанското езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа бежживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен.
По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.
Момчето се изгуби во водите на Преспанското езеро, откако со другарите се возеле на педалинка во туристичката населба Претор.