Иако нема попис досега во Македонија, иако без попис се заклучи дека албанците се над 20% во нашата земја и тоа се запечати со Охридскиот рамковен договор, сега Османи тврди дека албанците во Северна се над 20%!
Добро би било, по изборите, да почнеме со подготовки за попис, истакна вицепремиерот во Владата, Бујар Османи. Веројатноста за враќање на операцијата за пребројување на населението во агендата на политичките партии тој ја најави на денешната прес-конференција и додаде дека е пожелно да има севкупен консензус во новиот парламент за нејзина организација.
„Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите, рече вицепремиерот Османи.
Османи се наврати во минатото и Закон за попис, операција што во 2012 година пропадна поради различниот начин на читање на текстот од двете етнички заедници.
„Знаете дека пропадна обидот за попис во 2012 година поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Консензус се постигна, но не и вкупен политички консензус во Собрание за усвојување на Законот. Мислам дека ова решение што е донесено на Влада е добро и треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. По изборите, би требало да почнеме со подготовки за негово организирање, рече Османи.
Последниот обид на работните групи за поправки во Законот за попис беше пред неколку месеци кога беа усогласени и забелешките на опозицијата. Пописот беше најавен за април оваа година, но и одложен по закажаните предвремените парламентарни избори, па новиот можен термин за процесот е во април во 2021 година.
Македонија чека на попис на населението од 2002 година. Во меѓувреме, во 2012 година, имаше обид за реализација на операцијата која беше прекината со одлука на тогашните коалициски партнери во Владата – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за што поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) отвори предмет со кој беа опфатени екс премиерот Никола Груевски и лидерот на „интегративците“, Али Ахмети.