На 24 март фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја – Марибор.

На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ нашата репрезентација е најавена како фудбалска репрезентација на „Северна Македонија“.

Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки „Don’t you FIROM me“ и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор. Тој, неговата работа си ја завршил. Фотографиите кои ги доби „Денешен“ се доказ за тоа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here