Новиот бран на вирусот Ковид-19 одново носи негативни последици за Македонската берза. Токму кога се чинеше дека акциите на котираните друштва на Македонска берза ја стабилизираа својата вредност и ја надминаа корона кризата, последните случувања го кажуваат токму спротивното.

Како што вирусот Ковид-19 повторно почна неконтролирано да се шири, од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени, така се повеќе се зголемува неизвесноста, а тоа негативно влијае врз вредноста на акциите на котираните друштва на Македонска берза.

На последниот ден за тргување единствено акциите на Стопанска банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје забележаа минимален пораст на својата вредност од 0,60 проценти односно 0,36 проценти, соодветно.

Сите останати акции забележаа загуба на дел од својата вредност. Најголем пад на вредноста забележаа банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје од 2,99%, како и УНИБанка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје чиишто акции ја намалија својата вредност за 2,92% односно 2,88 проценти, соодветно.

Други компании кои загубија дел од вредноста на своите акции на последниот ден за тргување се Гранит АД Скопје од 0,51%, а минимален пад на вредноста забележаа и акциите на Макпетрол АД Скопје и на Комерцијална банка АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6959 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 54.8408 денари, британската фунта изнесува 68.7879 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.2000 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here