Србија е лидер по мафијашки убиства во регионот во 2018 година – објави српската телевизија Н1 повикувајќи се на статистичките податоци од регионот. Според анализите на телевизијата, на второ место е Македонија со 15.
Според новинарката Јелена Зориќ која ја направи анализата, податоците се базираат на информации од медиумите, бидејќи македонската полиција не им дала официјални податоци.