Македонија со 249 случаи на новозаразени и 20 починати лица е на врвот од листата со соседните земји во последната недела. ТВ21 направи анализа, со соседните земји од денеска 31.05 до 25.05.2020 година, односно последните седум дена.
Оваа недела ја започнавме со 21 новозаразен, додека нашиот сосед Србија регистрираше зголемување, па на 25.05 регистрирани беа 34 новозаразени. Трендот во Србија продолжи и во следните два денови 34 во вторник и 48 во среда. Македонија во вторникот бележеше пад на бројот, 16, а во средата повторно зголемување кое продолжи и во наредните два денови.
Два пикови оваа недела се регистрирани, во Македонија петокот 52 и денеска 62 новозаразени. Србија пак 48 регистрираше во средата и 54 во петокот.
Под Македонија и Србија на листата следуваат Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска.
Неколку пати повеќе смртни случаи на еден милион жители од нашите соседи
Направивме и анализа на бројот на смртни случаи на еден милион жители. Според ова, Македонија е на високо ниво, а направивме со податоци од Германија и Турција.
Германија е на врвот на оваа листа со 103 смртни случаи на еден милион жители од коронавирус. Потоа следува Македонија со 64, па Турција со десет помалку од Македонија, па следуваат останатите држави кои ги анализиравме. Србија 28, Хрватска 25, Бугарија 20, Грција 17 и последна е Албанија со 11 смртни случаи на еден милион жители.