Протести низ неколку градови во земјава се одржаа вечерва против поскапувањето на струјата. Граѓаните во Гостивар, Куманово, скопски Чаир, Дебар и Тетово го искажаа својот револт преку мирно мирно марширање со цел да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 проценти.
Маршот во Гостива го организираше навивачката група „Кастриоти“, а меѓу барањата граѓаните побараа и да се намали цената струјата до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.
Егзон Азизи од навивачката група „Кастриоти“, кој го предводеше маршот посочи доколку не се исполнат нивните барања од четири точки, протестите ќе бидат радикализирани.
„Бараме овие четири услови да бидат прифатени што е можно поскоро, во спротивно нашите протести ќе бидат масовни и радикализирани сè до реализацијата на нашите барања“,
рече Азизи во обраќањето ги повика граѓаните да разотидат мирно и да не стојат во група заради условите наметнати од пандемијата.
Протестот кој траеше петнаесетина минути помина без инциденти и под надзор на полициски службеници со почитување на растојание и носење на маски. На протестот беше и градоначалникот Арбен Таравари кој нагласи дека е дојден како граѓанин, а не како политичар.
Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“, подржани и од други граѓански организации, попладнево се одржа протест и во Дебар. Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.
Пред насобраните, претставник на организаторите на протестот, Адрит Фетаху, ги прочита истите четири барања како и гостиварци.