Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник Ла Верита, најави дека денес ќе изнесе нови факти за случајот кој ја здрма Македонија, со тоа и нови снимки
Гајсер на Фејсбук профилот објави дека нови факти ќе соопшти при гостување на Радио Каподистри во 11 часот.
-Македонијо! Утре, 13 август во 11 часот, на Радио Каподистри. Во центарот на нови факти директно од студио-наведе Гајсер.
Гајсер во три продолженија , во онлајн изданието на Ла Верита, објави видео и аудио снимки за рекет од 1,5 милиони евра, кои за пуштање од домашен притвор наводно ги платил бизнизменот Орце Камчев.