Македонската репрезентативка Марија Николиќ имаше нови моменти за славје со нејзиниот клуб, ПАОК од Солун.
По титулата во Купот на нашиот јужен сосед, составот на ПАОК ја прекина повеќегодишната доминација на ГАС Артас и стана шампион во првенството.
Николиќ, која освои двојна круна, сега ќе може да се посвети на тренинзите со националниот тим и бараж двомечот со Словенија за пласман на Мундијалот во Јапонија.