Во седмиот циклус од квалификации за Европско првенство, првпат македонската репрезентација почнува со два натпревари без пораз и со четири освоени бода во првите два натпревари. Иако претходно таков старт сме имале во квалификационен циклус за Светско првенство, ова е уникатен случај во овој вид натпреварување.
Победата над Летонија и ремито во Љубљана ни дава големи надежи и очекувања пред следните натпревари.
Македоната репрезентација успеа да извлече бод од тешкото гостување кај Словенија во Љубљана. Со храбра и пожртвувана игра, нашите репрезентативци останаа непоразени, а добриот резултат проследен со освојување и на четвртиот бод во квалификациите беше прославен и во нашата соблекувална.
„Македонија, Македонија… ечи во Љубљана“.
https://www.facebook.com/watch/?v=381303335792963