Македонската ракометарка Наташа Нолевска доби суспензија од 16 месеци поради допинг афера додека играше за Корона Брашов.

24-годишната ракометарка беше дел од големата допинг афера во Романија. Таа и уште 16 нејзини колешки добивале недозволена ласерска терапија која е забранета од ВАДА.

Скандалот доби разрешница, Нолевска нема да може да игра ракомет една година и четири месеци.

Најтешко помина докторот Мариус Карпа кој е суспендиран на четири години. Техничкиот директор Маријана Тарка доби двегодишна суспензија, а на две и пол години е казнет поранешниот претседател на клубот Ливиу Драгомир.

Суспензија од една година и четири месеци како Нолевска добија уште пет ракометарки. Најлесната казна е суспензија од една година и три месци каква што добија три ракометарки. Дури осум ракометарки се суспендирани на една година и осум месеци.

Суспензиите почнаа да течат од 25 ноември, кога е започнат целиот случај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here