Чуден свет, а уште по чуден народ!

Иднината ја бара, но минатото го сака, среќата ја бара, но во несреќата ужива и се радува. Бројките загрижуваат но далеку дека лажат, црната хроника ги руши соновите да се живее во светот на насмевката и љубовта.

Денес сме сведоци дека црните сценарија се најпосакувани, адреналинот се крева при некоја смрт, болест, несреќа и тага.

Неверојатно, а сепак толку вистинито!

Моќта да се предизвика болка кај побратимот значи победа, радост до небо и сласт која ја продолжува “љубовта” на омразата.
Деновиве го видовме заматениот образ на поединци кој одекна низ јавноста, гласно да се прикаже болката на една фамилија завиена во црно и тага.

Ниту срам, ниту морал, а да не зборуваме за образ, ги спречи во намерата да ја прикажат интимата на едно веќе скршено семејство. Тие знаат се’, па дури и тогаш кога се празни и неуки, заразени од комплекс и завист, оболени од радоста за омразата кон другиот.

Тажно, сепак вистинито!

Животот го поминуваат низ црнила, белината ја покриваат со темнина, не дека не сакаат, напротив, со однапред оболена мисла ги втемелуваат и размножуваат.
Овие денови црните настани беа најчитани, најразговарани, најпосакувани за да се наметнат како тема која ќе биде поставена на маса.

Експлицитен пример за ова беше трагедијата која ја обви во црно фамилијата на екс градоначалникот Захариев, но и животот кој си го одзема екс градоначалничката Беличанец.

Ако до пред некое време важеше онаа народната: да му умре козата на комшијата, сега важи и она другото да умре и комшијата за да му ја земам козата. Иронично, нели, но сепак вистинито. За жал, токму оваа завист меѓу нас Македонците е нешто што нe следи со години.

Македонската “мисија” продолжува … Генерали, колеги, пријатели и браќа … се надеваме дека не сте свесни за ова што го сторивте!?

Вашата “желба” и некој друг да умре е остварена, но дали е тоа Вашиот вистински избор?!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here