Двајца новинари на социјалните мрежи се пријавија да ја рушат дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, откако пропадна тендерот распишан од Општина Чаир, а на кој ниту една фирма не се јави да ја урне дивоградбата. Поради тоа општината вчера објави нов, кој истекува за седум дена.
Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа доброволно да се пријавуваат за рушење на дивоградбата.
Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка, напиша Дарко Чекеровски.