Во два одделни случаи, од кој еден за време на полицискиот час, скопската полиција вчера пронашла марихуана кај малолетници.
Првата ситуација била регистрирана на 21 април во 15 часот кога полицајци на булеварот АСНОМ привеле двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, откако кај нив била пронајдена марихуана.
Вториот случај е регистриран во 16:10 часот, за време на ограничено движење, кога на подрачјето на Бит-пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје.
При извршен преглед кај него полицијата пронашла марихуана.
По документирање овие случаи, против малолетните престапници ќе биде поднесен соодветен поднесок.