Денес продолжи трендот на висок просек позитивни случаи на дневно ниво, од тестираните на Корона вирусот. Бројката е 175 од преку 900 тестирани, што процентуално би му дошло околу 18 проценти од тестираните.
Здравствените власти изминативе денови смируваа, велејќи дека радува податокот што многу малку од новодијагностицираните побарале медицинска помош, а тоа го објаснуваа со евентуалното слабеење на вирусот. Сепак, ова не е официјално потврдено.
Деновиве многу наши сограѓани се соочуваат со благо покачена температура, која не мора да значи веднаш показател за Корона, бидејќи во пролетниот дел од годината, вирозите се секојдневие.
На ова предупредува и матичниот лекар, др Ненад Лазаров:
„Почнаа и сезонски стомачни вирози, гледам се повеќе. Фебрилни, што од самата вироза, дел и од дехидратација.
Како ќе постапуваме, сите пациенти се во паника и мислат COVID19 дека е, јас не знам дали е или не, најверојатно не е, а алгоритамот за упатување не дозволува упат?“
Матичните лекари, кои се дел од примарната здравствена заштита, секогаш први се соочуваат со симптомите кај граѓаните и нивните информации се драгоцени, особено сега, кога луѓето се исплашени.