По фантастичниот настап против Летонија, Елиф Елмас со сигурност уште повеќе ќе го привлече вниманието од големите европски клубови.
Во Фенербахче игра „топло- ладно“, но затоа вчера на националната арена „Филип Втори“ блесна во сиот свој сјај.
Елиф Елмас ја предводеше нашата репрезентација до победа со два гола, а вториот беше посебно убав и сосема заслужено се врти на социјалните мрежи.
Нашиот бисер беше посочен од многу фудбалски вљубеници, како и социјални скаутинг мрежи кои преку „Твитер“ го поздравија неговиот одличен настап, а Елмас со вчерашниот перформанс ги наполни и медиумите во Турција.
Најпознатите турски медиуми како „СиЕнЕн Турција“, „Хуријет“, „Фанатик“, „Милијет“ имаа само пофални зборови за настапот на Елмас на натпреварот против Летонија. Она што треба да не прави дополнително горди е и коментарот кој дојде од еден од најреномираните светски спортски медиуми, „Скај Спортс“.
Во посебен артикл на нивниот сајт стоеше видеото од голот на Елмас со коментар: -Тинејџерската сензација од Македонија и Фенербахче, Елиф Елмас ги постигна своите два погодоци за сениорската репрезентација, а вториот беше вистински убавец.
Eljif Elmas Makedonya – Letonya maçındaki 2. golünü buluyor ve ülkesinin galibiyetini perçinliyor 💎 pic.twitter.com/fO4YFEHbod
— Tutkumuz Fenerbahçe (@FBTutkusu_) March 22, 2019