Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор ги изненади сите љубители на спортот со одлуката да ја заврши кариерата во рингот.

Контроверзниот Мекгрегор кој ја одработува суспензијата заработена по инцидентот предизвикан по мечот со Хабиб Нургмагомедов на крајот на септември минатата година ја шокираше јавноста и реши да му каже збогум на рингот, каде остави навистина длабок траг.

-Еј момци едно брзо обавестување. Денеска одлучив да се повлечам од спортот кој формално е познат како Мешана боречка вештина (ММА). Им посакувам на сите мои стари колеги да напредуваат во конкуренцијата. Им се придружувам на поранешните партнери, кои сега се во пензија, напиша Мекгрегор во прошталниот твит.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here