Лионел Меси во изминативе неколку часа стана вистинска топ тема во светската спортска јавност, а причина за тоа е опширното интервју кое го направи за познатото аргентинско радио, „947FMRadio de Argentina“.
Меси во разговорот призна дека критиките кои ги добива од јавноста во Аргентина почнале да влијаат и врз неговиот син, но дефинитивно за издвојување е и делот во кој големата ѕвезда на Барселона говори за петте најдобри играчи во светот. Поточно, Меси доби прашање да ги избере најдобрите пет фудбалери во светот без да се вброи самиот себе, а интересно, Лео на исто ниво со себе го стави и Кристијано Роналдо.
– Мбапе, Нејмар, Азар, Луис Суарез и Кун Агуеро. Во овој момент, има многу добри фудбалери, секој може да биде најдобар во светот. Кристијано го издвојувам од нив, го ставам на исто ниво со мене. Беше навистина убаво да се игра против Роналдо, иако понекогаш морав да патам, особено кога подигнуваше трофеи со Реал Мадрид. Ќе беше навистина убаво ако се уште беше во Шпанија, – нагласува Меси.