Вчерашното дерби во италијанскиот шампионат заврши со победа на Јувентус од 2-1 против Милан, а на дуелот беа забележани неколку контроверзни сцени.
Во центар на внимание беше главниот судија, Фабри, кој неколку пати го оштети тимот на Милан. Најпрво кога по ударот на Калабрија топката го погоди Алекс Сандро во рака, а потоа не реагираше кога Марио Манџукиќ го шутна Алесио Ромањоли.
Делегацијата од Милано ќе ја предводи тренерот Џенаро Гатузо, а со него ќе оди и Леонардо на состанок со Николо Рицоли, кој е одговорен за делегирањето на судиите и Марчело Ничи, претседателот на судиското здружение.
„Скај Спорт“ пишува дека Рицоли ќе им се извини на „росонерите“ и ќе се обиде да ги објасни одлуките на неговиот колега Фабри.