Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.
Според нивни информации, тој бил примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.
Имено, пред четири дена мајката на Милошоски објави дека е позитивна на коронавирус, а тој истакна дека поради контактот со неа му е одредена изолација до 6 јули кога треба да направи два теста.