Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба. Ова значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови.

На вчерашниот Кризен штаб беше донесена одлука дека за време на претстојниот продолжен викенд, активистите за бездомните животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни.

За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до 16-ти април, најдоцна до 12.00 часот, до Град Скопје, а за здруженија регистрирани во другите градови до општинскиот кризен штаб, да достави пополнет образец, за најмногу пет членови од здружението.

Сите пристигнати обрасци, Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно. Дозволите ќе бидат со важност за 18-ти, 19-ти и 20-ти април.

Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба. Ова значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here