Источна турнеја на амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Клеманс Која.

Посетата на регионот тој ја започна од Штип, со средба со градоначалникот Благој Бочварски, давајќи му на тој начин предност на Штип пред сите други општини од регионот:

„ Амбасадорот беше лично запознаен од градоначалникот за проектите коишто се отпочнати во општината и кои се неопходни за развојот на Штип. За само една година се започнати неколку крупни проекти коишто се долгогодишно барање и потреба на граѓаните…Интеграцискиот процес во кој се наоѓа Македонија ќе придонесе раст на економијата и стабилност во нашата држава. Амбасадорот го поздрави историскиот договор и зачленувањето на Македонија во НАТО Алијансата“, стои во информацијата од општина Штип.

Веднаш потоа , амбасадорот имаше средба и со ректорот на Универзитетот Гоце Делчев:

„Штипскиот Универзитет е со втор највисок рејтинг во државата и зборувавме за проекти и идна соработка меѓу ОБСЕ и УГД“, изјави Клеманс Која, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.

„Ова е важна институција во Македонија и прашањата за собаботка се исклучително важни“, смета  Блажо Боев, ректор на УГД.

Иако не зборуваше за политика, амбасадорот на ОБСЕ денес имаше средба и со координаторот на ВМРО ДПМНЕ во Штип Иван Јорданов.

„ Денес, координаторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, Иван Јорданов, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Клеменс Која. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања како и за општествените  проблеми со кои се соочува Општина Штип и Република Македонија “ стои во информацијата до ВМРО ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here