Мистериозна смрт на млада девојка ја потресе Струга.
Според инфомрациите на МВР станува збор за 27 годишна туристка од Холандија.
Безживотното тело на девојката е најдено во струшки хотел а на него немало траги од насилство.
Обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта на девојката која во туристичкиот град била дел од група туристи од Кралството Холандија.