Бојан Миовски денеска се прости и официјално од својот досегашен клуб Ренова, а Спортмедиа дознава дека тој својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија, поточно во тимот на МТК.
Ова за него е второ интернационално искуство, затоа што своеврмено уште како младинец беше дел од тимот на Карабах, со кого играше во младинската Лига на Шампиони.
МТК е нов прволигаш, сега избори пласман во најдоброто фудбалско друштво во Унгарија, и е амбициозен клуб, но е пред се клуб со историја, затоа што досега 23 пати биле шампион на својата земја. Досега сме немале играч во овој клуб, иако во Унгарија низ годините минале многу македонски интернационалци. Миовски таму ќе има шанса да напредува како играч, и да го развие својот потенцијал до максимум.
Извор: sportmedia.mk/