Како што велат, секоја криза е особено добердојдена за мафијата, монополот и олигарсите.
Воведената вонредна ситуација поради КОВИД -19 ги натера лешинарите кои живеат од грбот на народот да го соборат и онака веќе дотолчениот сиромав човек во Македонија.
ЕВН која е дефиниција за чист монопол, иако вети дека цените за овие месеци ќе бидат паушални со среден просек земен од досегашните фактури, сепак одлучи да ја покаже својата “солидарност” и да ги почести граѓаните со уште по високи цени од било кога досега.
Граѓаните загрижени, народот прашува дали е потребна финансиска помош и донации од жителите на Македонија на жиро сметка на ЕВН, со назнака – донација и солидарност за единствениот монопол кој продава елктрична енергија во Македонија.