Сто дваесет и пет случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, откако ден претходно во земјава имаше рекордни 180 случаи на заболени од почетокот на епидемијата.

Двајца починати и осуммина оздравени пациенти е вчерашниот биланс, а според имформации од Министерството за здравство направени се 1.085 тестирања, од кои 113 се од скринингот во градинките во Штип и Кочани, при што ниту еден од тие тестови не бил позитивен.

Најголем број од новорегистрираните случаи вчера повторно во главниот град – 46, по што следуваат Куманово со 19, Штип со 17, Тетово со 16, Струга со 7, Гостивар со 6, Велес со 3, Неготино 2 и по еден случај во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here