Денеска на социјалните мрежи се објавени фотографии од венчавката на поглаварот на ИВЗ , Сулејман Реџепи и неговата нова сопруга.

Венчавката се одржала во пресрет на празникот Рамазан, информираат медиумите на албански јазик.

Според медиумите, новата сопруга на Реисот Реџепи е 50 години помлада.

Поглаварот на ИВЗ по втор пат се жени, четири години откако му почина првата сопруга

Извори во ИВЗ ја потврдуваат венчавката на Реисот Реџепи, но не сакаат да зборуваат, истакнувајќи дека тоа се приватни прашања.

Според она што се објавува, станува збор за 24-годишната Емина Јетиши од Скопје. Таа е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here