Научници се убедени дека ќе успеат да извлечат келии од 42 илјади години стар фосил од ждребе од изумрена врста, како би го клонирале праисториското животно и одново би го вратиле во живот.

Обидот како од филмот „Паркот Јура“ да се оживее одамна исчезната врста коњ би послужила како база за понатамошните намери, конкретно, во оживувањето на џиновскиот влакнест мамут.

Младото од коњ врз кое се врши експериментот било старо најмногу две недели кога угинало, сочувано е скоро во совршена состојба во сибирскиот пермафрост – зона на вечен снег и мраз, цели 42.170 години, тврдат научниците.

По повеќемесечна интензивна работа на замрзнатото животно, истражувачкиот тим на Руски и јужнокорејски научници се оптимисти дека ќе дојдат до келиите потребни за клонирање на примерокот кој изумрел пред околу 4 илјади години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here