Јавноста треба да знае и да биде сигурна дека ова се само груби лаги и манипулации изнесени во денешната изјава на Тасевски.

Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злоупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери. СВР Штип во изминатиот период покажа одлично справување со сите видови на криминал како и одржување на поволна безбедносна состојба во поглед на Јавниот ред и мир на подрачјето на СВР Штип.

Јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на КОВИД – 19.Јас Александар Николов како Началник на СВР Штип уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите дадени во изјавата.
Со почит,
Александар НиколовНачалник на СВР Штип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here