До изборот за песна на Евровизија остануваат 56 дена и веќе почнаа обложувањата за годинешната победничка песна.
Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“.
Песната на YouTube има над три милиони прегледи.
„Ова е премногу добро за Евросонг”, „Имаме победник, ќе ги урне сите рекорди на Евросонг”, „Ме лазат морници, 12 поени од мене”, „Оваа песна е ремек-дело, ќе има повеќе поени од Португалија 2017 година” – се само дел од коментарите на YouTube.
Според листата на Eurovision World, македонската претставничка Тамара е на 21. место со 1% шанси за победа.