Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov attends a news conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias following their meeting at the Foreign ?inistry in Athens, Greece, June 14, 2017. REUTERS/Costas Baltas

Никола Димитров беше гостин во емисијата Топ тема на Телма каде беше прашан за Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.

Тој нагласува дека има разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата. Појаснува дека Софија сака побрзо да се усогласат спорните делови од историјата, „а наша задача е да им создадеме на историчарите услови, во кои ќе можат да донесат вистински решенија засновани на факти, но и меѓусебно почитување“.

Димитров за изјавите дека Гоце Дечлчев бил Бугарин истака дека ваквите прашања се многу деликатни и дека мора да се решаваат со мудар пристап.

– Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи, изјави Димитров во Топ тема.
Напомена дека постојат две ситуации кога може да дојде до уривање на овој процес.

-Првиот ризик е ако се преправаме дека се зближуваме и дека разговараме за тешки прашања, а другиот ризик е ако има условување и несоодветен притисок, имајќи предвид дека Бугарија е земја-членка на Унијата, додаде Димитров додавајќи дека, тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас, нагласи шефот на дипломатијата.
За ликот и делото на македонскиот револуционер се крена голема фама од страна на Бугарија, каде без пардон велат дека тој е бугарски револуционер.
Захариева неодамна изјави Гоце Делчев самиот се прогласил за Бугарин што наиде на голем револт кај македонскиот народ.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели Захариева и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.
По оваа изјава беше прашан и претседателот на македонската комисија за односите со Бугрија, Драги Ѓоргиев кој изјави дека во македонските учебници, Гоце Делчев ќе остане како македонски револуционер и дека никако нема да биде прифатено тој да биде признаен како бугарски револуционер. И ако де инсистира од бугарската страна да се напише Гоце Делчев како бугарски револуционер, тогаш паѓа во вода договорот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here