Станува збор за повозрасни пациенти на 80 и 75 години. Според директорот на Клиничка болница Штип, 80-годишникот на Инфективното одделение е примен на 5-ти јуни. Во текот на лекувањето повремено бил и на кислородна поддршка.
Другиот 75- годишен пациент во тешка состојба во болница е донесен вчера и починал неколку часа по приемот. Брисот дека е позитивен стигнал постмортем.
И двајцата претходно имале здравствени проблеми. Ова е трет починат пациент од Ковид 19 во штипската болница, откако минатата недела битката со вирусот ја изгуби 63-годишна жена.
Моментално во Штипската болница на Инфективното одделение се лекуваат 22 пациенти, а за уште двајца се чекаат резултати од земените брисеви.