Инаетот на Сантијаго Солари не само што не го остави подолго од четири месеци на клупата на Реал Мадрид, туку и „кралскиот клуб“ под негово водство испадна од конкуренција за сите трофеи.

А, само требаше да им верува на најискусните во екипата како што тоа го прави сега Зидан. Иско речиси да не играше под водство на Солари, наводно затоа што не внимавал на својата маса и не тренирал редовно.

https://www.youtube.com/watch?v=9EDr5C9tRsE

Зидан го стави Иско во стартната постава на првиот меч и овој веднаш се оддолжи со гол. На егзекуцијата претходеше сомнителна ситуација бидејќи се чини дека Бензема беше во офсајд кога ја доби топката, но судиите го признаа погодокот во 62. минута за водство на Реал против Селта од 1-0.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here