Во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.

Од овие 184 тестирања, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и шест од Велес, со што почна и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.

„Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на ковид-19, а сите други тестирани лица се негативни на вирусот”, соопшти Министерството за здравство.

Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на ковид-19.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here