Холи, хинду фестивалот на бои, го означува почетокот на пролетта во Индија и Непал.
Пролетта носи илјада бои, па и хиндуистите на тој начин ја пречекуваат – шарено!
Верник на хинду религијата гледа низ облак од обоен прав во внатрешноста на храм во Барсана, лоциран во северната индиска држава Утар Прадеш, на март 21 за време на празникот Латхмар Холи. Во холи традицијата, постојат разлики помеѓу селата Барсана и Нандагаон. Мажите пеат провокативни песни за да го привлелат вниманието на жените, а потоа се тепаат со стапови од бамбус наречени латис.
За време на фестивалот, бенд свири меѓу густата обоена прашина. Музиката на оваа прослава не престанува, и покрај тоа што на музичарите не им е лесно да исполнуваат во такви услови. Група на жени ги удираат мажите, кои се бранат со штит над своите глави. Тоа е традиционален одговор на провокативните песни.
Друга група на мажи се полеваат со обоена вода и прав, и седат во храмовите на селото Нандгаон. Овој интересен фестивал се одржува секоја година, и го одбележува почетокот на пролетта во Индија.